Продолжува судската битка на Бритни Спирс

Бритни Спирс
profimedia

Пејачката која е во судски спор со татко ѝ, во средата извојува мала победа, кога ѝ беше дозволено да го прошири својот тим овластени финансиски застапници.

Бритни во судскиот процес со кој таа се бори татко ѝ да биде отстранет како нејзин единствен овластен финансиски застапник (старател), извојува мала победа откако ѝ беше прифатено барањето да го зголеми тимот законски старатели. Оваа работа Џејми Спирс ја извршува во последните 12 години откако пејачката доживеа нервен слом.

Бритни не се појави на последното сослушување во судот, каде што беа присутни мајка ѝ Лин Спирс, татко ѝ и нејзиниот адвокат, бидејќи сама се пријави на клиника за психичко закрепнување каде што ќе престојува еден месец и поради тоа ги откажа настапите во Лас Вегас.

На нејзиното барање да се прошири тимот, реагираше Џејми со објаснување дека тоа ќе значи зголемени финансиски трошоци.

Во 2019 година Џејми Спирс стана нејзин единствен финансиски застапник откако партнерот Ендру Волет се повлече од функцијата. Од движењето #FreeBritney водено од обожаватели што ја поддржуваат пејачката, велат дека долги години таа е во заробеништво со одлуката да не може сама да располага со своето богатство, а татко ѝ е нејзиниот поробувач. Обожавателите освен што на секое судење се собираат пред судот и ѝ ја искажуваат својата поддршка, постојано објавуваат пораки на социјалните мрежи.

Бритни и Џејми Лин Спирс/Фото: Профимедиа

Во август адвокатот на Спирс изјави дека финансиското старателство е волонтерско и дека пејачката е против тоа нејзиниот татко да биде единствен старател. Имено, таа сака да може сама да располага со своите финансии, но се сложува да има надзор од професионална финансиска институција.

Судот во 2008 година кога му го додели старателството на Џејми Фокс, нареди да му бидат исплаќани по 130.000 долари годишно како плата, а според анализата направена во 2018 година, најголем трошок на Бритни бил токму за тоа, и изнесувал над 1,1 милион долари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот