Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска

Фото: Град Скопје

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ денеска го почнаа асфалтирањето на последниот дел од пешачката патека на улица Љубљанска, што е во насока од булевар Илинден кон Сити Мол, чија површина е околу 1.000 квадратни метри.

– Со асфалтирањето на овој потег целосно завршува реконструкцијата на пешачките патеки од двете страни на оваа фреквентна улица. Во текот на денешниот ден рачно ќе се асфалтираат околу 300 квадратни метри на овој дел кај Сити Мол. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ со завршувањето и на овој дел од патеката ќе ја завршат реконструкцијата на пешачките патеки со вкупно површина од 2.300 квадратни метри на потегот од булевар Партизански одреди до булеварот Илинден. Во текот на изминатиот месец беше реконструирана патеката во насока од улица Разловечко востание кон булеварот Илинден на површина од 1.300 квадратни метри – објаснуваат од Град Скопје.

Меѓу другото, на овој потег биле поставени и околу 100 заштитни столпчиња, а според најавите столпчињата ќе се поставуваат и до крајот на реконструираните патеки штом заврши асфалтирањето и на последната фаза од реконструкцијата на пешачките патеките на улица Љубљанска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот