Продолжен притворот на Габриел Бајрам

Габриел Бајрам/ Фото Фејсбук

Габриел Бајрам, синот на поранешниот пратеник Амди Бајрам, со одлука на Кривичниот суд доби продолжен притвор од 8 на 30 дена.

-Осомничениот за насилство имал претходни условни казни и би можел да се даде во бегство, смета судијата.

Бајрам повеќе пати е осудуван за ваков вид кривични дела и би можел повторно да го повтори делото.

На Бајрам му е поднесена кривична пријава по брза постапка и му е одреден притвор откако пред неколку дена повредил шанкер и кршел инвентар во ресторанот „Аквадукт“ на булевар „Словенија“ во Скопје.

Се гони и неговиот син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот