Продажните цени на производителите на индустриски производи пониски за 3,9 отсто

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври годинава се пониски за 0,9 отсто на месечно ниво и за 3,9 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со септември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Енергија за 0,7 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6, Капитални производи за 0,8 и Нетрајни производи за 1,3 отсто.

Во споредба, пак, со ланскиот октомври, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Енергија за 11,1 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 9,5 и Капитални производи за 6,9 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот