Лука Модриќ/АC Milan

Признание за Модриќ: Најдобар бил во Серија А во септември

Хрватскиот ас Лука Модриќ е избран за најдобар фудбалер во Серија А за месец септември.

Ветеранот по пристигнувањето во редовите на Милан веднаш го покажа својот препознатлив талент и класа, освојувајќи ги симпатиите на италијанската публика со што и го заслужи признанието за играч на месецот.

Во текот на септември, Модриќ одигра три натпревари за „росонерите“ и во нив Милан победи на сите, а хрватскиот маестро на секој меч добиваше највисоки оценки за своите настапи.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот