Призна вина поранешниот спортски директор Дени Масев, кој е дел од групата на Штекли
Поранешниот македонски репрезентативец и спортски директор Данчо Масев е еден од четворицата обвинети кои на денешното рочиште поднесоа предлог за признавање на вина за организирана продажба на дрога во Аеродром, како дел од групата на Раде Трајковски – Штекли.
Препорачано
За Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков кои поднесоа ваков предлог судот донесе решение за раздвојување на постапката и на наредните рочиште тие ќе ја слушнат казната што ќе им ја одреди судот.
ФОТОГАЛЕРИЈА | Штекли дојде во судот иако тврдеше дека не е психички способен да го следи судењето
Масев заврши во притвор во март и беше разрешен од од функцијата директор на А – репрезентација на Македонија. Тој беше разрешен од ФФМ во октомври минатата година, но на почетокот на јануари пак беше именуван, но за кратко време.
На денешното рочиште пак во фокус беше психичката состојба на Штекли, кој според психијатрите кои ги ангажирале неговите адвокати имал имагинарен учител, шизофренија и халуцинации, додека според Психијатрите кои ги испрати на опсервација Обвинителството тој е свесен и пресметлив. Следното рочиште треба да се одржи на 3 септември кога ќе се соочат спротивставените мислења.
Штекли има шизофренија и халуцинира дека го следи албанска мафија или е свесен и пресметлив?
Обвинителството за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага која вклучувала посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.
Според обвинителството, групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat, а клучни докази биле обезбедени преку „Cellebrite“ системот за анализа на мобилни телефони, донација од САД.


