Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ФОТОГАЛЕРИЈА | Штекли дојде во судот иако тврдеше дека не е психички способен да го следи судењето

Скопјанецот Раде Трајковски – Штекли, кој преживеа три напади и сега е обвинет за трговија со дрога, денеска се појави на судењето во Кривичниот суд иако на минатото рочиште неговата одбрана достави вештачење дека не е психички способен да го следи судскиот процес против него.

Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Почетокот на судењето во јули се одложи бидејќи Штекли бил неконтактибилен и дезориентиран и беше пренесен во Клиничкиот центар, откако имал епилептични напади. Денеска од притворот во Шутка беше донесен во судот каде што заедно со уште девет лица е обвинет за дрога.

Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Обвинителството за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против 10 лица за продажба на дрога, главно во скопската населба Аеродром.

Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Истрагата траела речиси една година и вклучувала посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, но седум од нив склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.

Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Како што соопштија претходно од Обвинителството, групата била добро организирана, со јасно поделени улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана.

Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуницирале преку Снепчет, а клучни докази биле добиени преку „Cellebrite“ системот за анализа на телефони, донација од САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот