Приведена жена која утрово запали возило во Делчево, снимена е од надзорна камера

Снимка од надзорната камера/Фото: МИА

Шеесет и две годишна жена од Делчево е приведена по опожарување на возило кое утрово се случи на булевар „Македонија” во Делчево.

По опожарувањето на возилото, до полицијата доставена е видео снимка од надзорна камера, по што е приведена шеесет и двегодишната (Н.Д), која била забележана на снимките од камерата во близина на возилото, кое потоа почнало да гори.

Против сторителот, по разгледување на случајот, од полицијата најавија дека ќе биде превземен соодветен поднесок.

Веднаш по пожарот, штој е пријавен утрово околу 03:45 часот, на лице место со едно возило интервенираше екипа на ТППЕ Делчево.

Пожарот прв го забележал случаен минувач, кој вели дека најпрво слушнал експлозија, по што возилото почнало да гори. Пожарот го пријавил до Територијалната противпожарна единица, чија дежурна екипа интервенирала со едно возило.

-Интервениравме на задниот дел од возилото, пожарот бргу го изгасивме и не дозволивме негово ширење на другиот дел од возилото, велат од ТППЕ Делчево.

Засега не е позната причината за пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот