Апсење
Фото: илустрација / ЕПА/ЕФЕ

Приведен тетовчанец, приредувал игри на среќа без лиценца

Дваесет и три годишен тетовчанец приредувал игри на среќа без лиценца. При претрес во неговиот дом, од МВР соопштија  дека се пронајдени и одземени лаптоп, кој се користел за менаџирање на клиентите и надополнување кредити, како и извесна сума парични средства, а лицето е приведено.

На 07.03.2023 околу 11:50 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Т.(23) од тетовски Требош. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган”, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри, информира Министерството.

Се расчистува и документира случајот и на Л.Т. ќе му биде изготвен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот