Приведен разбојник во Скопје

Полиција / Фото: МИА

Вчера во 19.50 часот на улицата „Димитрија Чуповски” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје.

Тој бил затекнат при извршување разбојништво во продажен објект. Одземениот промет веднаш бил вратен во касата, а од него бил одземен ножот со кој го извршил делото.

Разбојникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него е поднесена соодветна пријава

Видео на денот