Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Уапсен полски навивач во центарот на Скопје пред фудбалскиот меч Шкендија – Јагјелонија

Денеска на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се игра фудбалскиот натпревар од Конференциската лига помеѓу екипите на Шкендија и Јагјелонија од Полска.

Актуелниот македонски шампион ќе се обиде да дојде до нов позитивен резултат во ова натпреварување, по првиот триумф во минатото коло против ирскиот Шелбурн, овојпат играчите предводени од тренерот Јетон Беќири ќе имаат посериозен предизвик во полската Јагјелонија.

Овој меч ќе започне од 21.00 часот часот, а според најавите, полскиот тим ќе има поддршка од околу 250 до 300 свои навивачи на трибините во Скопје.

Полските навивачи се познати во Европа како едни од најпроблематичните, така и овојпат непосредно пред вечерашниот дуел во главниот град.

Имено, едно лице е приведено од полските навивачи поради непочитување на наредба од службено лице и провоцирање на граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот