Приведен крадец, расчистени три кривични дела

При лишувањето кај него бил пронајден и одземен нож.

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба денеска привеле малолетник од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба”.

Како што информираат од МВР, со лицето е извршен разговор, при што се расчистени три кривични дела „тешка кражба” извршени на 8 септември 2020 во продажен објект, при што се одземени повеќе разновидни производи, на 9 септември 2020 во продажен објект, при што се одземени парични средства и на 18 ноември 2020 во викенд куќа во населба Дрма, при што се одземени разни предмети.

Од МВР додаваат дека по комплетирање на службениот материјал и негово документирање, против него ќе следи соодветна пријава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот