Приведен Ирец кој илегално ја поминал македонско-грчката граница

Триесет и шестгодишен Ирец е приведен бидејќи илегално поминал македонско-грчката граница.

„Вчера околу 18.30 часот на регионалниот пат Дојран-Валандово, на место викано „Раскрсница“ за с.Николиќ, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода Ф.Ф.Ј.(36) од Ирска, затоа што при извршени проверки било констатирано дека илегално ја поминал границата од Република Грција во Република Северна Македонија“, информираат од МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот