пијани возачи фото МИА

Приведен е и малолетник: Седуммина возеле пијани, петмина биле без возачка

Полицијата во изминатото деноноќие лишила од слобода 14 возачи на територија на државата поради безобѕирно управување возило, при што дел од нив биле под дејство на алкохол, а меѓу приведените има и малолетник без возачка дозвола.

Според МВР, петмина управувале возило без возачка дозвола, од кои едниот е малолетник, двајца возеле и покрај активна забрана, додека седуммина биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол.

Прекршоците се регистрирани во повеќе градови низ државата – Скопје, Велес, Демир Хисар, Охрид и Тетово, додека алкохолизирани возачи биле затекнати во Свети Николе, Кочани, Кавадарци, Струмица, Гевгелија и во Прилеп.

Во засилена акциска контрола на полицијата, во период од осум часа, синоќа биле санкционирани и возачи на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли.

Најмногу – 45 санкции – биле изречени за возење без заштитна кацига, додека 17 лица управувале велосипед со помошен мотор без возачка потврда.

Дополнително, четворица возачи биле санкционирани за несоодветна категорија, а три мотоцикли биле нерегистрирани.

За време на контролата, еден мотоциклист бил приведен поради безобѕирно управување со возило, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Прегазен пешак во Кичево, казни за пијани возачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот