Приведен албански државјанин поради фалсификуван пасош

На граничниот премин Деве Баир вчера при пасошка контролла е констатирано дека државјанин на Република Албанија извршил хемиски и механички корекции на патната исправа, соопшти денеска МВР.

– Вчера во 13 часот на Граничниот премин Деве Баир, при пасошка контрола било констатирано дека на една страна од патната испарава на А.Ц.(32) од Република Албанија биле извршени хемиски и механички корекции. Поради сомнение за извршено кривично дело „фалсификување патна исправа”, лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка, се наведува во соопштението на Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот