Приведен Албанец поради нелегален риболов на Охридското Езеро

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Граничната полиција привела 26-годишен албански државјани поради незаконит риболов на Охридското езеро.

„На 01.04.2024 во 06.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ј.А.(26), кој претходно во водите на Охридското езеро на македонска страна е затекнат при незаконит риболов. За настанот е известен јавен обвинител, а со решение од полициски службеници при Регионален центар за гранични работи Запад изречена му е мерка забрана за влез во државата до 31.03.2025 година“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот