Притворени пет лица од Гостивар кај кои се најдени марихуана и кокаин – Слободен печат
Хроника

Притворени пет лица од Гостивар кај кои се најдени марихуана и кокаин

Лицата кај кои се најдени марихуана и кокаин се притворени и ќе добијат соодветни пријави.

Полицијата во Гостивар во два случаи откри пет лица, кај кои се пронајдени наркотици. Лицата се притворени и ќе добијат соодветни пријави.

Според СВР Тетово вчера околу 23 часот полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар лишиле пет лица од слобода и тоа И. Џ. (21) и А. Џ. (18) од Горна Бањица и Л. А. (18) од Гостивар, кај кои е пронајдена марихуана.

Во друг случај денеска во 03:10 часот исто така лишени од слобода се 17 годишник од Гостивар и С. М. (25) од Гостивар, кај кои е пронајден кокаин.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close