Притвор за разбојникот кој ограби банка во Крушево

Крушево/ Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Прилеп денеска извести дека донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, 51-годишен жител на Крушево, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело разбојништво.

Осомничениот на 19 овој месец околу 15 часот, со намера противправно да присвои туѓи подвижни предмети, се маскирал со црна маска, темни очила и сива капа на главата по што влегол во експозитурата на „Уни Банка“ во Крушево каде го извршил кривичното дело.

Тој со употреба на сила и закана со огнено оружје дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на оштетените вработени, ги присилил трите службенички да му ја отворат просторијата каде биле сефовите од банката и одзел денарски парични средства во вкупен износ од 1.330.000,00 денари.

Во насока на обезбедување натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.

Судот го прифати предлогот и со решение на осомничениот му е определена мерка притвор во траење до 30 дена. ​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот