Хрватска полиција
Хрватска полиција/ Фото: ЕПА

Пристигнувањето на еврокомесарите ги крена мерките за безбедност во Загреб на максимално ниво

За безбедноста на челниците на ЕУ ќе се грижат голем број хрватски полицајци од редовните и посебните единици.

Поради доаѓањето на еврокомесарите, предводени од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, мерките за безбедност во Загреб од утринава се подигнати на максимално високо ниво.

За безбедноста на челниците на ЕУ ќе се грижат голем број хрватски полицајци од редовните и посебните единици. Полицијата изминативе денови ги завари и шахтите на патиштата каде ќе поминуваат конвоите со високите гости, јави дописникот на МИА.

Целта на посетата е да се одбележи официјалното започнување на хрватското претседателство со Европската Унија. Претседателката на Европската комисија и другите 27 еврокомесари ќе бидар сместени во три хотели, односно Вестин, Хилтон и Шератон.

За своето претседателството со ЕУ, официјален Загреб веќе ангажираше специјално обучени и опремени полицајци кои во наредните шест месеци ќе се грижат за безбедноста, првенствено на објектот каде ќе биде сместено самото претседателството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот