Принцот Вилијам ќе присуствува на погребот на папата Франциск во име на неговиот татко, кралот Чарлс
Принцот Вилијам во текот на овој викенд ќе отпатува во Ватикан за да го претставува британското кралско семејство на погребот на папата Франциско. Од Кенсингтонската палата ја потврдија оваа вест, пишува „Пипл“.
Препорачано
Поглаварот на Католичката црква ќе биде погребан во сабота, на 26 април на церемонија на која ќе присуствуваат странски државници, верски лидери, членови на кралското семејство и други. Принцот Вилијам ќе присуствува на погребот во име на неговиот татко, кралот Чарлс.
Објавата дојде неколку недели откако кралот Чарлс мораше да ги откаже своите јавни ангажмани поради „привремени несакани ефекти“ поврзани со лекувањето на ракот.
Кралот откри во февруари 2024 година дека му била дијагностицирана малигна болест и дека почнал да се лекува. Тој се врати во јавноста во април минатата година, а извори кон крајот на декември посочија дека неговото лекување ќе продолжи до 2025 година, но дека напредува во позитивна насока.
На почетокот на овој месец, кралот Чарлс и кралицата Камила се сретнаа со папата Франциско за време на четиридневната државна посета на Италија.
Посетата се сметаше за успешна, иако дијагнозата изгледаше како далечно сеќавање за време на официјалните состаноци, беше јасно дека кралот сè уште постапува по упатствата на својот лекар.


