Принцот Вилијам / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Принцот Вилијам годишно заработува 23 милиони фунти

Принцот Вилијам,минатата финансиска година оствари импресивни 22,9 милиони фунти приватен приход од портфолиото на Војводството Корнвол што го управува. Сепак, неговите финансии би можеле сериозно да бидат потресени од новите правила што владата на Велика Британија планира да ги спроведе. Во Велика Британија е објавен закон за реформа на заедничката сопственост и закупот, кој има за цел да го ревидира она што го нарекува „драконски систем на одземање на закупот“ и да го замени со „нов, пофер и попропорционален систем на спроведување на закупот“.

Документите конкретно ги истакнуваат плановите за „воведување ограничување на закупнината на земјиштето од 250 фунти годишно“, што би можело директно да влијае на престолонаследникот ако неговите закупувачи во Војводството Корнвол моментално плаќаат повисоки цени, пренесе Бизпортал. Обемното портфолио на имоти и земјиште на Вилијам опфаќа 23 окрузи во Англија и Велс и ги вклучува теренот за крикет Овал и 67.000 хектари Дартмур. Оваа колекција моментално го прави Вилијам најголемиот приватен земјопоседник во Велика Британија. Интересно е што омилената селска куќа на кралот Чарлс, Хајгроув Хаус, е исто така дел од Војводството, што значи дека принцот Вилијам технички е сопственик на земјиштето на неговиот татко.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот