Принцот Ендру ја загуби титулата

принц ендру
Принц Ендру / Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Воените титули на војводата од Јорк, Принцот Ендру и се вратени на кралицата, соопшти Бакингемската палата, објави Би-Би-Си.

Принцот Ендру исто така го загуби звањето „Неговото кралско височество“ во службено својство.

Улогите на војводата ќе бидат распределени меѓу членовите на кралското семејство.

Оваа одлука доаѓа во моменти кога тој се соочува со судење во САД поради тврдењата дека сексуално злоупотребувал жена кога таа имала 17 години, што тој постојано го негира.

Судијата во средата одлучи дека случајот покренат од Вирџинија Џуфре може да продолжи, откако тој се обиде да го отфрли.

Во соопштението на Бакингемската палата се вели: „Со одобрение и договор на кралицата, воените припадности на војводата од Јорк и кралските звања се вратени на кралицата.

„Војводата од Јорк ќе продолжи да не презема никакви јавни должности и го брани овој случај како приватен граѓанин“.

Одбиена молбата на принцот Ендру за прекинување на тужбите за сексуалните напади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот