Принцот Џорџ го прослави 12-ти роденден: Од денес, тој има едно строго правило што мора да го почитува
Британското кралско семејство денеска има причина за славење! Имено, принцот Џорџ, син на наследникот на тронот, принцот Вилијам, го слави својот 12-ти роденден. На официјалниот Инстаграм профил на принцот и принцезата од Велс, по тој повод се појави нова фотографија од принцот, заедно со честитката: „Среќен 12-ти роденден на принцот Џорџ“. Коментарите содржеа и бројни честитки до идниот крал.
Препорачано
View this post on Instagram
Но, за малиот Џорџ, ова не е само ден за прослава, туку и за одговорност. Имено, за Џорџ сега важи едно ново правило кое претходно не морла да го почитува. Значи, на Џорџ повеќе не му е дозволено да патува во истиот авион со неговиот татко, принцот Вилијам. Овој протокол е дизајниран да ја заштити линијата на наследување во случај на несреќа. Тоа е правило до кое самиот Вилијам морал да се придржува уште од својата 12-та година.
Како и неговиот татко и дедо, принцот Џорџ има голема страст за летање. На 11-годишна возраст, тој го имал својот прв час по летање во авион со двојна контрола „Пајпер ПА-28“. Неговата љубов кон воздухопловството е толку голема што изразил желба да се приклучи на Воздухопловните кадети. Освен што лета, Џорџ е и голем спортски фанатик. Заедно со својот татко, тој е страствен поддржувач на фудбалскиот клуб Астон Вила, а камерите често го фаќале како емотивно ги доживува натпреварите. Неодамна ја покажа својата љубов кон тенисот на Вимблдон, каде што ентузијастички го поддржуваше Карлос Алкараз. Иако неговиот фаворит не го освои Вимблдон, принцот се сретнал и со Јаник Синер и добил автограм од него.
Иако неговата иднина е однапред одредена, неговите родители се обидуваат да му овозможат нормални моменти од детството, вклучувајќи типично соперништво меѓу браќа и сестри. Кејт откри дека Џорџ бил „малку намќорест“ затоа што сончогледите на неговиот помлад брат Луис растеле побрзо од неговите. Тој исто така бил љубоморен на својата сестра Шарлот затоа што сметал дека нејзините училишни проекти, како што се „сендвичи со пајаци“, се позабавни од неговите вештини за писменост.
Сега тој треба да донесе нова голема одлука – да се запише во средно училиште. Иако беа разгледани неколку опции, сите патишта водат кон престижниот колеџ Итон, каде што студирал и неговиот татко. Годишната школарина во Итон е повеќе од 74.000 евра.


