Прилично е смирена реториката од Софија кон Скопје во изминатите месеци, оцени Пендаровски

Македонско и бугарско знаме/ Фото: Слободен печат/ Архива

Можам да забележам дека во изминатите неколку месеци е прилично смирена реториката која доаѓа од Софија кон Скопје. Бугарите утре имаат парламентарни избори и јас сум задоволен дека „темата Македонија” повеќе не е меѓу приоритетните, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски од Софија.

За жал, како што рече претседателот, тоа не беше така во изминатите две години, кога „имало или немало избори, особено некои политички субјекти и некои политичари, прилично ја користеа за добивање политички поени”.

Тој посочи дека во четвртата година од својот мандат првпат ја посетува Бугарија, дошол на покана на бугарскиот претседател Румен Радев за да разговараат за енергетската криза во присуство на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Не би прифатил средба, рече, ако темата била од некој минат век.

– Можам да забележам дека во изминатите неколку месеци е прилично смирена реториката која доаѓа од Софија кон Скопје во оваа смисла. Моите неколку разговори со претседателот Радев, додуша не на директно или чисто политички теми, го покажуваат истото и го имам истиот тој впечаток. И тоа конечно и му го соопштив на претседателот Радев во првите минути од рагзоворот. Му реков: Претседателе, да ме викавте да дојдам во Софија за да разговарам за Цар Самоил немаше да дојдам никогаш. Бидејќи ме викате за една ваква тема, која е тема на 21 век, не на 10-ти, 15-ти или 19 век, изјави Пендаровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот