Прилепското обвинителство отвори истрага за смртта на бебето

Прилепското јавно обвинителство започна истрага за да се утврди од што починало бебето на возраст од осум дена. Оттаму велат дека во текот на вчерашниот ден кога биле извесетни за починатото бебе, дале наредба за обдукција, која е извршена и ќе покаже од што починало бебето.

– Веднаш формиравме предмет за смртта на бебето старо осум дена, кое било родено во прилепската болница и пуштено дома по два дена, по барање на мајката. Дадовме упатствa за дополнителни разговори и пративме допис до болницата за комплетно доставување на извештај за целосната постапка таму, а извршен е увид и во домот на семејството. При увидот утврдено е дека условите во кои живеело семејството на бебето се сиромашни. Истрагата продолжува – соопштија од обвинителството.

Од СВР Битола информираат дека вчера на 11 декември, во 8.35 часот на детското одделение во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе старо осум дена, по што го информирале Обвинителство со посочување дека на детското одделение се обиделе да го реанимираат бебето, но било безуспешно. Спореd информациите со кои располагаме семејството на бебето живеело во периферијата од градот, и им било трето дете.

Бебе старо само осум дена без знаци на живот било донесено во прилепската болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот