Приказна од Хрватска помеѓу топ петте лажни вести за ЕУ во изминатава година

Смешно или не, ова се приказни кои во споменатите држави предизвикаа силни реакции во јавноста.

Објаснувањето за тоа како ЕУ барала да се забрани сушење на алишта во јавност, забрана која и беше воведена летово во некои градови во Хватска, всушност е еден од петте најголеми митови и лаги за ЕУ оваа година, објави Европската комисија, а пренесуваат Вечерњи.хр.

Покрај оваа лажна приказна, во останатите пет такви вести влегува и приказната од Финска дека ЕУ го забранува фудбалот, онаа од Австрија, дека поради правило на ЕУ телото на покојниот возач на Формула 1, Ники Лауда, мора да биде ексхумирано, веста од Чешка дека ЕУ забранува одредени видови ножеви за Чесите да престанат со собирање печурки, како и приказната од Белгија дека ЕУ ја ограничува величината на градниците.

Смешно или не, ова се приказни кои во споменатите држави предизвикаа силни реакции во јавноста. Но, помеѓу нив постои и разлика – додека во другите приказни дошло до такви информации поради намерно или ненамерно медиумско толкување на некои одредби во ЕУ, во Хрватска токму локалните власти беа тие кои ја објавија оваа информација.

Во Хрватска дури во некои општини и навистина беше донесена таква забрана, па овој „прекршок“се казнуваше парично во износ до 70 евра.

Но, откако многу граѓани се побуниле, забраната кренала голема прашина, па на крај излегло дека всушност станува збор за одредба која никогаш не била дадена од страна на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот