Граѓанска блокада на Цементарницата „Усје“ / Фото: Слободен печат

Прифатена иницијативата за дислокација на УСЈЕ

Советот на Град Скопје, по предлог на советниците од Зелен хуман град (ЗХГ) донесе одлука за дисклокација на ТИТАН Усје од скопска Кисела Вода, соопштија оттаму доцна синоќа.

Оттаму велат дека за „првпат во историјата на Скопје сите политички групи во Советот на градот се обединија и застанаа рамо до рамо со скопјани и јасно и цврсто во еден глас порачаа: УСЈЕ НАДВОР ОД СКОПЈЕ!

Ова се деталите од иницијативата на ЗХГ:

– Се задолжува Град Скопје да се обрати до Министерството за животна средина со официјално барање да се испита работењето на Усје и сите големи индустриски загадувачи, како и дали истите целосно ги исполнуваат сите услови, обврски и критериуми кои произлегуваат од важечката дозвола за работа и релевантната еколошка регулатива и во најбрз рок да го известат Град Скопје за резултатите.

– Се бара Државниот инспекторат за животна средина да изврши серија ненајавени вонредни испекциски надзори врз работењето на Усје и сите големи индустриски загадувачи со цел утврдување на фактичката состојба, почитувањето на еколошките стандарди, дозволените емисии и примената на мерки за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

– Се повикува Општина Кисела Вода врз основа на наодите, параметрите и мислењата добиени од Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина да води особена сметка при понатамошната изработка на ДУПовите како и да ги земе предвид истите при сите идни урбанистички и плански постапки.

– Истата обврска се однесува и на останатите општини во составот на Град Скопје и Град Скопје со цел обезбедување усогласен, одговорен и одржлив пристап во просторното и урбанистичкото планирање во интерес на заштитата на животната средина и квалитетот на животот на граѓаните.

– Се задолжува градоначалникот на Град Скопје да се обрати до владата за да го разгледа начинот за започнување на постапка за дислокација на Усје и сите големи индустриски загадувачи на соодветни места надвор од скопската котлина согласно Законот за животна средина и Просторниот план на РМ

– Овој заклучок да се достави до градоначалникот на Град Скопје, владата на РМ, Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините во Градот Скопје.

Вчера се собраа граѓани пред Цементарницата револтирани од енормното загадување на воздухот, во кое, според нив, значително учествува скопската фабрика за цемент. На граѓанскиот протест дојдоа луѓе од сите возрасти – млади, семејства со деца, повозрасни жители од околните населби – сите со заедничка порака дека воздухот во градот „не може и не смее да остане нерешен проблем“.

ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА | „Профит за Усје, болест за народот“: Граѓанска блокада на Цементарница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот