Граѓанска блокада на Цементарницата „Усје“ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА | „Профит за Усје, болест за народот“: Граѓанска блокада на Цементарница

Вечерва, пред влезот на Цементарница „Усје“, се одржа блокадата организирана од иницијативата „Стоп за Усје“, со која граѓаните го изразија револтот од енормното загадување на воздухот, во кое, според нив, значително учествува скопската фабрика за цемент.

Фото: Слободен печат

На граѓанскиот протест дојдоа луѓе од сите возрасти – млади, семејства со деца, повозрасни жители од околните населби – сите со заедничка порака дека воздухот во градот „не може и не смее да остане нерешен проблем“.

Фото: Слободен печат

Фото: Слободен печат

Атмосферата беше мирна. Немаше инциденти, ниту тензии, но присутната тишина меѓу скандирањата и аплаузите зборуваше доволно за акумулираното незадоволство. Многумина од учесниците на протестот носеа транспаренти, а на централниот пишуваше: „Профит за Усје, болест за народот“.

Фото: Слободен печат

На протестот се обратија повеќе активисти, а на Цементарница симболично, како и во 2019 година на сличен протест, ѝ го доделија „признанието“ за „Трујач на годината“.

Фото: Слободен печат

На блокадата се зборувше за секојдневието во загадениот град – за зимските месеци со смог, за здравствените последици и за чувството дека проблемот со години само се одложува и не се решава.

Граѓанска блокада на Цементарницата „Усје“ / Фото: Слободен печат

Дел од граѓаните кои протестираа истакнаа дека оваа блокада „не е насочена само кон една фабрика“, туку кон решавањето на поголемиот проблем со загадениот воздух во главниот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот