Претставници на туристичките водичи на средба со министерката Шахпаска: Сакаме вработувања наместо хонорарно работење

Фото: facebook

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претставници на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници на која се разговараше за можноста за правно регулирање на нивниот статус.

Како што соопшти Министерство за труд и социјална политика (МТСП), претставниците на Асоцијацијата го истакнале предизвикот со кои се соочуваат лицата во професијата во однос на пензиското и на здравствено осигурување што сè уште не е решено и нивната работа се заснова на хонорарно работење, наместо на работен однос.
– Притоа, на средбата се дискутираше и за начините за нивно регулирање преку изнаоѓање на законско решение во кое ќе бидат опфатени. Министерката Шахпаска ја истакна важноста на професијата туристички водич, како амбасадори на нашето културно наследство и оттука важноста за решавање на нивниот статус. Таа воедно изрази уверување дека преку меѓусебна соработка со сите клучни институции во чија надлежност влегува ова прашање, ќе дојде до изнаоѓање  најиздржано решение во интерес на сите страни, соопшти МТСП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот