Претставата „УПМ“ ќе биде изведена во МКЦ

Во Младинскиот културен центар (МКЦ), во Денсинг салата, на 16 јуни, во 20 часот, ќе се одигра претставата „УПМ“ (Уметност – Политика – Мудрост), во организација на танцовото здружение „Икс на квадрат“.

Претставата е во кореографија и режија на Јована Зајкова и Бобан Русески. Дел од музиката е на Дејан Теодосиевски, во изведба на квартетот „Вива стрингс“, а дел е сплет на вокал и перкусии во изведба на музичарката Зарина Првасевда.

На сцената ќе настапат Бобан Русески, Јована Зајкова и Сара Цветковска, како и Викторија Коцева, Клара Христовска и Микаела Анџела Глигорова (студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“, катедра за современ танц), Илина Костовска и Моника Шолевска (ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, оддел за модерен танц), и Марко Младеновиќ и Наум Ѓоргиески (студенти на Факултетот за драмски уметности).

„Секој викенд истото прашање… Да одам на театар или во кафана? Изборот е тежок, џебовите не толку многу, карта за претстава 300 ден, а грло жедно без пијачка не поминува. Епа другари и нас ни се смачи. Додека да завршиме со работа сите кафани испозатвориле. Па си викаме две у едно. И работа и задоволство. Ќе си ја земеме работата у кафана. Или во случајов кафаната на работа. Па ако сакате да се пофалите дека сте биле на театар, а всушност да се закитите со едно културолошко кафанско искуство, елајте на претстава. Ќе има мезе, пијачки, добро друштво. И жива музика ќе има. А и ние ќе настапиме исто…“, стои во најавата на претставата.

Претставата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот