Претепана од животот: Мадона покажа огромна модринка на ногата, фановите ја решаваат мистеријата што се случило

мадона модринка
Фото: Принтскрин / Instagram

Колку што сме навикнати на нејзините шокантни објави, толку повеќе таа се’ уште пронаоѓа начин да не’ шокира и вознемири – Мадона постави нова објава на нејзиниот инстаграм-профил изложувајќи огромна модринка која се простира на целиот нејзин бут. Но… барем нејзиното его не е помодрено.

Мадона е позната по тоа што објавува смели фотографии, но сликите што ги сподели во средата, на кои се гледа голема модринка на левата нога, ги загрижија обожавателите.

Мадона покажа огромен црно-син белег на бутот позирајќи за серија секси фотографии споделени на Инстаграм.

„Животот ме претепа! Дали мислите дека ми е гајле. Само ѓаволот се грижи…. “, напиша 63-годишната пејачка во описот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Мајката на шест деца носеше прекрасна наметка од Версаче за фотографирањето и го комплетираше својот изглед со големи очила за сонце, чорапи над колена и прекрасен пар металик чевли.

Сликите откриваат џиновска модринка што ја опфаќа целата страна на горниот дел од бутот на Мадона. Пејачката на „Material Girl“ уште повеќе ја истакна повредата со превртување на чорапите до бедрата за да можат фановите подобро да видат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Неколку од 17-те милиони следбеници на Мадона ја изразија својата загриженост за кралицата на попот, одејќи во делот за коментари на нејзината објава за да ја прашаат дали е добро.

Други шпекулираа дека Мадона можела да добие модринка од интензивно вежбање.

„Сите сме тепани од животот, но најважно е да станете и да знаете како да го направите тоа многу добро!“, звучеше еден од коментарите на загрижените фанови.

Но, и покрај мистериозната повреда, Мадона очигледно ужива по враќањето дома во Лос Анџелес по празничниот одмор кој го помина со семејството во Гштад.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Пејачката беше придружувана од нејзините шест деца, 25-годишната ќерка Лордус, 21-годишниот Роко, 16-годишниот Дејвид Банда, 15-годишниот Мерси Џејмс и деветгодишните близначки Стела и Естере.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот