Владимир Кешишев
Владимир Кешишев / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Пресврт на судењето за Вања и Панче: Кешишев со изјава до судот го амнестира Палчо и тврди дека не бил со нив на денот на убиствата

Еден од обвинетите за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Влатко Кешишев, кој според обвинението ги откри местата каде се закопани жртвите, неочекувано достави изјава до судот и го смени првичното тврдење дека Љупчо Палевски е извршител на убиствата.

Според она што го дознаваме, Кешишев сега тврди дека Палчо не бил со нив тројцата, Кешишев, Велибор Манев и Боре Видевски деновите кога се извршени убиствата.

Исто така, тврди дека првичната изјава ја дал под присилба на Велибор Манев.

За неговата изјава не е запознат ниту неговиот адвокат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот