Престојот во Дизни Ворлд, НБА лигата ја чини 1.5 милиони долари дневно

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Помошниот тренер не Мемфис гризлис, Невен Спахија, открива како кошаркарите го поминуаат времето изолирани во Дизни Ворлд во Орландо.

НБА лигата во Дизни Ворлд во Орландо направи вистински „град“ пред продолжението на сезоната која е прекината во март поради пандемијата на коронавирусот. Станува збор за затворен комплекс во кој освен 22. НБА екипи и нивниот персонал нема пристап, а натпреварите ќе се играат во две сали.

– Неверојатно е во каков проект влезе НБА и како тоа го спроведува. Ова за сите нас е неверојатно искуство. Станува збор за мегапроект кој НБА лигата ја чини дури 1.5 милиони долари – вели помошниот тренер на Мемфис гризлис, Невен Спахија, за „Вечерњи лист“.

Со самото влегување во комплексот секој играч и член на стручниот штаб мораше да помине во тродневен карантин, храната им беше доставувана до вратата на нивните соби, а потоа откако ќе завршеше карантинот сите добиваа јасни инструкции за правилата за однесување и обврски. Секој што се наоѓа во комплексот во Дизни Ворлд, доби електронска ракавица.
– За да може да се оди на тренинг, на ручек или тимски состанок, мора на посебна апликација да се измери температурата и да се наведат симптоми доколку ги има и дури потоа може да се излезе од собата. Потоа сите добиваат посебна електронска ракавица која претставува еден вид на акредитација. Исто така постои и паметен прстен, но тој не задолжителен. Прстенот ги следи сите ваши активности, го мери дури и вашиот пулс – вели Спахија кој додава дека сите се придржуваат кон пропишаните правила.

– Сите се придржуваат за правилата за физичка дистанца како и кога ќе се сретнат со некого нема долго задржување. Постојат кошаркари кои сметаат дека им е потребна дополнителна заштита и носат маски, капи. Напуштањето на комплексот е забрането – додава Спахија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот