Преспанско Езеро кај Пустец порибено со 300.000 парчиња подмладок на крап

Водите на Преспанско Езеро, од албанска страна, кај Пустец, збогатени се со 300.000 парчиња подмладок на крап.

Порибувањето е дел од зацртаните активности на албанското Министертвото за земјоделство и рурален развој за збогатување на рибниот фонд во езерата.

– Во водите на Преспанско Езеро фрливме околу 300.000 парчиња помладок на крап,што е специфичен вид во водите на ова езеро. Овој подмладок е подготвен во мрестилиштето што го имаме овде. Подмладокот на крап беше со поголема тежна бидејќи има потреба да биде пооформен. Верувам дека со оваа колична значително го збогативме рибниот фонд во езерото- изјави минстерот за земјоделство и рирален развој, Бленди Чучи.

Тој ги пофали членовите на риболовното друштво од Пустец за доследната грижа за заштита на рибниот фонд на езерото.

– Преспанското Езеро е успешен пример на управување од страна на риболовното друштво. Речиси и да нема незаконски лов на риба- рече Чучи.

На почетокот на месецов водите на Охридско Езеро, од албанска страна, кај селото Лин, општина Подградец, беа збогатени со 1,5 милиони парчиња подмладок на охридска пастрмка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот