Премија од 40.000 евра за македонските ракометарки доколку се пласираат на Светското првенство

фото: Ракометна федерација на Македонија

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација в сабота од 19.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го игра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи годинава во Данска, Норвешка и Шведска.

Противник на нашите најдобри ракометарки е Украина, а потсетување дека за овој меч во Скопје влезот е слободен за сите љубители на ракометот и спортот.

Нашата најдобра женска ракометна селекција ќе добие премија од 2.500.000 денари или околу 40.000 евра доколку се пласира на Мундијалот, ваква одлука донесе Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија.

Потсетување дека реваншот меѓу Украина и Македонија ќе се игра на 11 април од 17.00 часот во Кишварда, Унгарија.

Селекторот Љубомир Савевски за дуелот во Скопје ќе смета на вкупно 20 ракометарки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот