Александар Николовски, претседател на Универзитетското собрание на УКИМ/ Фото: принтскрин

Премиерот сака да нѐ задржи тука, а нѐ кани на конференции во пет до 12, вели претставник на студентите

И младите сакаат да учествуваат во процесите и имаат што да кажат, но сакаат и да бидат навремено информирани за конференции како оваа, рече Александар Николовски – претставник на Координативната група за реформи во високото образование и претседател на Универзитетското собрание на УКИМ. Тој се обрати на денешната расправа за Законот на високо образование во Владата, на која присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, како и ректорите на шесте универзитети во Македонија.

Беше очигледно дека не се очекува неговиот говор, со оглед на тоа што портпаролката на Владата, Марија Митева, која ја водеше расправата, речиси ја заврши конференцијата.

Николовски посочи дека го почитува тоа што премиерот Мицкоски рекол дека ќе направи сѐза да ги задржи младите во земјава, но нагласи дека ако сакаат да го слушнат гласот на младите, со цел да се создадат услови во земјава и тие да не ја напуштаат, тогаш и навремено да ги информираат за вакви состаноци, на кои ќе може и да се слушне нивното мислење.

„Во однос на функционалноста на Координативното тело во високото образование, претседателот на Владата напомена дека ќе направи сè за да се задржат младите, јас тоа навитина го почитувам, но на овој состанок само јас сум претставник на младите, 25 години имам, другите претставници коишто се дел од националното координативно тело не се тука, а се млади, од младински организации, заради моментот што состанокот беше закажан вчера, во 14 часот, ниту 24 часа порано од тоа што би требало да се спремиме да дојдеме. Сметам дека доколку сакаме да водиме инклузивни процеси и сакаме да ги слушаме младите, треба навреме да сме известени кога ќе се случува оваа конференција, бидејќи сметам дека имаме што да кажеме и сакаме да помогнеме и сакаме навистина да учествуваме во процесите, бидејќи во изминативе две години навистина учествуваме со предлози, критики, давање на стратегии и слично“, рече Николовски.

Мицкоски претходно нагласи дека за него најважно е тоа што со новиот закон за високо образование се создаваат услови за младите да останат во својата татковина и во неа да го градат својот професионален и животен пат.

ФОП за финалната верзија на законот за високо образование: „Консултациите беа театар во кој студентите и професорите беа статисти“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот