Премиерот на Израел затворен во воен бункер, одржана воена вежба за можна појава на нов вирус

Премиерот на Израел Нафтали Бенет
Нафтали Бенет / Фото: EPA-EFE/YONATAN SINDEL

Премиерот на Израел Нафтали Бенет и неговите високи соработници денеска се засолниле во воен бункер за време на воена вежба која симулирала избувнување на нова, смртоносна варијанта на ковид-19.

Премиерот ја опиша целодневната вежба Омега, именувана по измислен вид на коронавирусот, како мерка на претпазливост да го одржи Израел подготвен за „секое сценарио“, пренесува НДТВ.

Антинуклеарниот комплекс на ридовите на Ерусалим, познат како Национален контролен центар, исто така беше искористен за координирање на првите одговори на новиот коронавирус САРС-КоВ-2 во март 2020-та година.

Бункерот е изграден пред повеќе од една деценија поради страв од иранската нуклеарна програма и ракетната пресметка со Либан и појасот Газа.

Резултатите од вежбата ќе бидат споделени

Во најновата вежба беа вклучени и цивилни и воени лидери, симулирајќи масовни тестови, хоспитализации и полициски час.

Израел ќе ги сподели резултатите од вежбата со своите партнери.

„Израел е безбеден и заштитен. За да го одржиме ова и да обезбедиме продолжување на нормалниот живот, мораме да продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата и да се подготвуваме за секое сценарио“, рече Бенет.

Израел воведе строги затворања за време на првите три бранови на пандемијата, но ја одржа економијата и училиштата отворени од почетокот на четвртиот бран во јуни, потпирајќи се на вакцинацијата и другите епидемиолошки мерки, како што е носењето маски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот