Прекината судската постапка против Бандиќ

Фото: EPA/ANTONIO BAT

Судењето за корупциската афера Аграм е прекинато поради смртта на градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, кој беше првообвинет.

Судијката Рахела Валентиќ, поради смртта на Бандиќ, ја прекина постапката против него, а на обвинителите од хрватската Канцеларија за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК) им даде рок од една недела да го прилагодат обвинението на новонастанатите околности.

На почетокот од годината Бандиќ уште еднаш се изјасни како невин за незаконското собирање на отпадот. Исто така сите обвинети ги отфрлија обвинувањата дека без тендер и доделиле на фирмата ЦИОС да го собира отпадот.

Бандиќ почина на вчера од срцев удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот