Фото: Приватна архива

Предновогодишно интервју со Маја Кикириткова, модна дизајнерка: Во Новата година ширете љубов и покажете им на луѓето колку ви значат

Во последните часови од 2025 година, кога се сумираат спомените, се бројат благословите и се замислуваат новите почетоци, модната дизајнерка Маја Кикириткова за „Слободен печат“ зборува за празничната магија што ја исполнува, за годината што ја заокружува со благодарност и за желбите со кои ја пречекува 2026 година.

Пред нас е еден од најубавите периоди во годината. Која е твојата омилена празнична традиција – онаа што секогаш носи радост и без која не можеш да ги замислиш новогодишните и божиќните празници?

– Јас сум новогодишно дете, родена во очи Нова година, па за мене новогодишната магија е нешто што ме храни и ме исполнува. Китењето на елката и декорирањето на домот се нешта во кои најмногу уживам. Сакам овој период од годината да го поминувам дома, со најблиските, во топла и пријатна домашна атмосфера.

Фото: Приватна архива

Кога сме деца, магијата на празниците ја доживуваме на уште пошаренолик начин. Кое е твоето најдраго празнично сеќавање од детството?

– Кај мене, роденденот отсекогаш бил синоним за Нова година. Постојано се лутев затоа што за роденден добивав новогодишни подароци и сè некако поминуваше како „два во едно“. Така било, така и засекогаш ќе остане – роденден = Нова година.

Остана уште многу малку од 2025 година. Што е она што ја одбележа годинава, и на приватно и на професионално поле, и по што најмногу ќе ја паметиш?

– Најпрво се радувам што сме сите на број – тоа е најважното. На професионален план, со голем замав го вратив брендот „Елеазар“, но овој пат со поинаков тек, кој многу успешно функционира. Сега брендот прераснува во семејна приказна, во која сите сме активно вклучени.

Фото: Приватна архива

Каде и во каква атмосфера ќе ја дочекаш 2026 година?

– Последниве години, откако имаме деца, дочекот секогаш е во друштво и во домашна атмосфера. По празниците нè очекува и едно големо семејно патување, на кое искрено многу се радувам.

Која е твојата најголема желба за новата 2026 година?

– Да сме сите на број.

Фото: Приватна архива

За крај, која е твојата празнична порака до читателите на „Слободен печат“?

– Сакајте се. Секојдневно ширете љубов, кажувајте и покажувајте им на луѓето колку ви значат. Затоа што само љубовта може да го спаси светот.

Предновогодишно интервју со Ивана Кнез, модна дизајнерка: 2025 ми „плесна“ шлаканица, ми покажа дека материјалното нема вредност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот