Предложено е поведување на повеќе од 25 кривични пријави за флагрантно кршење на законите и протоколите

Вкупно 12.799 вонредни надзори се извршени од шестте инспекциски служби во периодот од 27 мај до 3 јуни. Од нив, 11.504 контроли има направено Државниот пазарен инспекторат.

Предложено е поведување на повеќе од 25 кривични пријави за кршење на законите и протоколите, а затекнати се и 20-тина нерегистрирани угостителски објекти во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Куманово.

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска – Грашкоска денеска на прес-конференција информираше дека само на првиот ден кога беа воведени протоколите за угостителите, односно на 28 мај извршени се 676 контроли.

– Поради утврдени недоследности во почитувањето на протоколите, првиот ден се изрекуваа само усни укажувања и опомени, но поради многу пропусти забележани првиот ден, се премина на подрастично санкционирање на прекршувањата и изминатите неколку дена предложено е поведување на повеќе од 25 кривични пријави за флагрантно кршење на законите и протоколите, рече Филиповска-Грашкоска.

Од страна на Државниот трудов инспекторат спроведени се 504 контроли со фокус на компании од Штип и Тетово каде се појавија одредени кластери на заболени. Донесени се четири решенија и 20 укажувања за работодавачи кои не постапиле по препораките на Владата.

Државниот инспекторат за транспорт спровел 290 вонредни надзори. Евидентирани се седум прекршувања на уредбите и протоколите и тоа три прекршувања кај посебниот меѓуопштински превоз на вработените во Штип и четири прекршувања за превоз на вработени во Брвеница.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат во овој период направил 225 контроли, а од страна на Агенцијата за лекови и медицински помагала спроведени се 47 контроли и не се забележани специфични отстапувања.

Агенцијата за храна и ветеринарство реализирала 229 надзори во маркети, зелени пазари и прехранбени објекти во повеќе градови при што изречени се 13 решенија за непостоење на општи хигиенски услови во објектите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот