Предизборни комбинации: Села утре ќе одлучи дали ќе се приклони кон Ахмети или кон Таравари

На утрешното Централно собрание на Алијанса за Албанците ќе се одлучува дали крилото на Зијадин Села ќе се приклони кон ДУИ или пак ќе и се приклучи на албанската опозиција, Коалицијата „Вреди“. Села потврди дека утре конечно ќе се донесе одлуката околу настапот на претстојните парламентарни избори.

Проблемот со самостоен настап на АА лежи во тоа што Села ги нема печатите во партијата и има судски спор со Арбен Таравари. Овој процес нема да заврши до рокот кој е поставен за пријавување кандидатски листи, па така, Села мора да одлучи со која од веќе формираните коалиции ќе оди на претстојните избори.

Претходно, Коалицијата „Вреди“ преку соопштение поставија ултиматум до Зијадин Села и Кренар Логар дека доколку до сабота се предомислат и да им се приклучат, ќе ги добијат печатите на Алијансата за Албанците за самостоен настап.

Села и Лога не го прифаќаат ултиматумот од „Вреди“ да се премислат до сабота и да ги добијат печатите на АА за самостоен настап

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот