Пред 17 години во авионска несреќа загинал сопругот на копилотката која на ист начин го загуби животот во Непал

Непал авион/ Фото: PRAKASH MATHEMA / AFP / Profimedia

Најмалку 70 луѓе загинаа, но властите стравуваат дека сите 72 лица кои патувале во авионот загинале во најтешката воздушна несреќа во Непал од 1992 година. Меѓу загинатите најверојатно е и копилотот Ања Кативада (44), чиј сопруг исто така загинал во авионската несреќа што се случила пред 17 години. Кативада се приклучила на непалската „Јети ерлајнс“ во 2010 година.

Во 2006 година, нејзиниот сопруг Дипак Покрел загинал во падот на мал патнички авион, со кој летал за домашен превозник, неколку минути пред планираното слетување. Кативада ги платила часовите по летање со исплатата за осигурување што ја добила по смртта на Покрел, потврди портпаролот на авиокомпанијата Сударшан Бартаула.

Авионот на „Јети ерлајнс” со Кативада летал од Катманду до Похара, почетната точка за експедиции до познатата планина Анапурна. Кативада, која имала повеќе од 6.400 часови летање, веќе ја летала оваа популарна туристичка рута, пишува Дејли Мејл.

Пронајдено и идентификувано е телото на капетанот на летот, кој имал повеќе од 21.900 часа летање. Посмртните останки на Кативада не се идентификувани, но се стравува дека таа е мртва.

„Во неделата таа управуваше со авионот со пилот-инструктор, што е стандардна процедура на авиокомпанијата“, рече претставник на Јети ерлајнс, кој лично ја познаваше Кативада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот