Празничните гужви на границите веќе почнаа – викендов десетици илјади луѓе поминале на „Табановце“
Гужвите за празниците веќе започнаа, покажуваат податоците на МВР од изминатиов викенд, ки велат дека на граничниот премин Табановце викендов во Македонија влегле над 36 илјади македонски државјани.
Препорачано
Поради подолгиот прекин на работата во западните земји за Божиќ и Нова година, секоја година во земјава околу овие празници се враќаат голем број луѓе кои работат во странство.
– На граничниот премин Табановце од 20.12.2025 (петок) од 10 часот до 22.12.2025 (понеделник) до 10 часот влез во државата оствариле 36.316 македонски државјани, а излез оствариле 6.892 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 16.084 лица а 7.720 лица ја напуштиле нашата држава – соопштија од МВР.
Од МВР велат дека ги преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


