Беким Сали / Фото: Влада на РСМ / Фејсбук

Правосудниот и сите поврзани испити ќе се полагаат и на албански јазик, најави Сали од собраниската говорница

Правосудниот испит и сите други испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик. Ова ќе го покажеме многу скоро пред јавноста – изјави првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, одговарајќи на пратеничко прашање на Рина Ајдари од Европскиот фронт.

– За првпат централната власт го слушна гласот на студентите и ќе го реши нивниот проблем еднаш-засекогаш, рече Сали.

Осврнувајќи се на студентските протести, Сали оцени дека тие претставуваат легитимен израз на незадоволство и право на граѓаните, додавајќи дека причините за нив се резултат на нерешени прашања од претходните години.

-Тие не протестираат за Вреди, протестираат за Европскиот фронт и ДУИ која 22 години не постигна ниту една усогласеност на законот за јазиците, рече Сали.

Во однос на политичките прашања, тој рече дека обединувањето на албанските политички субјекти не треба да се гледа како изненадување, туку како реалност насочена кон заедничко делување во рамки на европската агенда.

– Во врска со европската агенда, Вреди секогаш истакнувала дека нејзината политичка ориентација е интегрирање во Европската Унија и јас како министер за европски прашања, сум целосно посветен на исполнувањето на оваа агенда. Јавноста гледа дека Министерството за европски прашања за првпат работи со ваква динамика во спроведување на реформите. Имаме добри резултати, кои покажуваат дека сме добро во Западен Балкан – истакна Сали.

Тој нагласи дека, според него, институциите во моментов работат со засилен интензитет во реализирањето на реформите, што, како што рече, како резултат на тоа, очекуваме и нови пакети финансиска поддршка директно од Европската комисија, што значи дека ги исполнуваме нашите обврски.

ВРЕДИ: Со законот за правична застапеност ги носиме Албанците во центарот на институциите, каде што припаѓаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот