Правосмукалката повеќе не влече како порано и брзо се прегрејува? Со овој трик ќе работи како нова

Фото: Профимедиа

Правосмукалката е низоставен дел од речиси секое домаќинство и е ненадминлива во чистењето на куќата или станот. Меѓутоа, со долготрајната употреба се случува правосмукалката сè послабо да работи. За среќа, решението за оваа ситуација е повеќе од едноставно.

Еве што треба да направите за повторно да работи како нова.

Прво, отворете го делот од правосмукалката каде што се наоѓа вреќата за прашина. Обрнете внимание на гумата на капакот. Оваа гума, кога капакот е затворен, треба да дојде во контакт со гумата на вреќата за прашина и херметички да дихтува, односно да биде затворена.

Во овој случај, на гумата се формираат наслаги од прашина, кои на некои места се дебели и до еден милиметар.

Поради ова, двете гуми не се лепат една до друга и моторот наместо да влече воздух низ цревото на правосмукалката, воздухот го влече помеѓу овие две гуми, што значително ја намалува моќта на чистење.

Слично може да се случи и на гумениот дел од ќесето за прашина. Решението е, претпоставувате, едноставно. Со влажна крпа отстранете ги тврдите наслаги од гумата. Направете го истото и на вреќата за прашина.

Потоа, потребно е да се исчистат и филтрите, кои значително се валкаат по долготрајна употреба на правосмукалката. Извадете го вшмукувачкиот филтер од лежиштето. Направете го истото и со филтерот што го прочистува воздухот што излегува од правосмукалката.

Најпрво добро истресете ги двата филтри, па измијте ги со вода и детергент (можете да ставите и нови доколку ги имате). По сушењето, вратете ги филтрите на нивното место.

Кога ќе ја вклучите правосмукалката, ќе видите дека повторно работи како нова – ефикасно вшмукува и не се прегрева.

Доколку и понатаму не работи, повикајте мајстор да ја провери или едноставно е време за купување нова правосмукалка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот