Правниот тим на Движењето за одбрана на Косово и Метохија: „Вашингтонскиот договор не е ништо друго освен тајно незаконско одрекување од дел од државната територија“

„Признавањето на т.н. Република Косово, кое тогаш го направи Владата на Израел, дојде само како природна последица на државната и национално погубна порака што српските власти ја испратија прифаќајќи ја наведената обврска од Договорот од Вашингтон.“

„Иако официјалните претставници на Република Србија, пред сè претседателот на републиката, се обидуваат да го претстават договорот потпишан на 4 септември во Вашингтон како национална победа, кога последиците од овој чин ќе бидат разгледани од правна гледна точка – работите изгледаат сосема поинаку“ се вели во соопштението кое го објави Правниот тим на Движењето за одбрана на Косово и Метохија.

Членовите на здружението чиј претседател е поранешниот министер за Косово и Метохија во владата на Војислав Коштуница, Слободан Самарџиќ сметаат дека Александар Вучиќ постапил противуставно.

„Имено, во договорот од Вашингтон, другата договорна страна е именувана како „Косово“, без да се спомене ѕвездата што гарантира неутралност на статусот. Така, претседателот на Републиката еднострано, од само нему познати причини, се откажа од примената на Договорот за регионално претставување и соработка. Ваквото кршење на Договорот склучен од Република Србија, како и сите други штетни последици од Вашингтонскиот договор, се посериозни затоа што Претседателот на Републиката нема, ниту пак може да има важечко полномошно за склучување договор од Владата во технички мандат, што според Уставот на РС, е тело што „одредува и спроведува политика“ (член 123, точка 1).“

Тие исто така тврдат дека со одредбата на Вашингтонскиот договор со која Србија се обврза да ја суспендира за една година кампањата за повлекување на признавањата на Косово, Вучиќ се одрекол од правото да ја води надворешната политика независно, како и од државното право на Србија да го заштити својот територијален интегритет.

Правниот тим на Движењето за одбрана на Косово и Метохија понатаму смета дека ваквата меѓународна правна манифестација на намерата да се откаже од борбата за враќање на Косово и Метохија во уставниот поредок на Република Србија од агол на меѓународното право, не е ништо друго освен тајно незаконско одрекување од дел од државната територија.

„Признавањето на т.н. Република Косово, кое тогаш го направи Владата на Израел, дојде само како природна последица на државната и национално погубна порака што српските власти ја испратија прифаќајќи ја наведената обврска од Договорот од Вашингтон.“ образложуваат тие.

Според тимот составен од професорите Игор Вуковиќ, Слободан Орловиќ, Бранислав Ристивојевиќ, Душко Челиќ и Зоран Чворовиќ склучувањето на секој договор, вклучително и оној од Вашингтон, со претставниците на според нив нелегалните приштински структури е во спротивност со меѓународното право, бидејќи се признава законитоста на институциите кои постапуваат спротивно на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН.

„Во исто време, секој договор склучен со претставниците на самопрогласената држава на косовските Албанци е во спротивност со одредбата на Уставот на Република Србија која предвидува постоење на суштинска автономија на Косово и Метохија (член 182), бидејќи под суштиска автономија во ниту еден случај не може да се подведе уставноправниот поредок на Република Косово, која тежнее кон целосна независност на државата. Договори што му даваат на уставниот поредок на лажната држава Косово изглед на правен – брутално го нарушуваат основниот принцип на единство на правниот поредок на Република Србија (член 4 став 1 од Уставот).“

Движењето за одбрана на Косово и Метохија предупредува дека на 4 септември потписниците на договорот биле помагачи во извршувањето на кривичното дело загрозување на територијалниот интегритет на Кривичниот законик на Република Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот