Правда: Судскиот совет со месеци не ја санкционира претседателката на кумановскиот суд за злопупотреби на АКМИС

Фото: МИА

Судскиот совет пет месеци одолговлекува и не презема мерки за утврдување на одговорност и санкционирање на в.д. претседателот на Основниот суд Куманово Снежана Манев за констатираните злоупотребите на АКМИС системот.

Министерството за правда ве информира дека и покрај укажувањата и писмените дописи за констатирани неправилности во работата на Основниот суд Куманово, Судскиот совет одолговлекува и не постапува по Извештајот кој е изготвен од нивна страна и јавно објавен на веб страницата на Советот. Имено, Судскиот совет беше во работна посета на Основниот суд Куманово на 1 февруари годинава и подготви Извештај каде се констатирани низа нарушувања на угледот на судиската функција, направени се груби повреди на начелото на недеискриминација по било која основа, користење на несоодветен вокабулар, навреди и омаловажувања на вработените од страна на в.д претседателот на судот како и злоупотреба на АКМИС системот, кое во голема мера влијае на односите и работењето на судот – соопшти попладнево Министерството за правда.  

Имајќи предвид дека Извештајот е јавно објавен, додаваат оттаму, министерот за правда Кренар Лога на 11 април испрати писмен допис до Судскиот совет во кој бара преземање на соодветни мерки или дејствија по однос на констатираните наводи, а особено заради тоа што разгледувањето на Извештајот беше на дневниот ред на седница на Судскиот совет одржана на 13 март.

– Во Извештајот се наведени и злоупотреби на АКМИС системот, исклучување на одредени судии од автоматската распределба на предмети. Од увидот на предметите во работната група констатирано е долго траење и одолговлекување на постапката, неуредно и неажурно верификување на предметите во АКМИС системот. Од Судскиот совет добивме известување на 12 април дека дописот е доставен на запознавање и понатамошна надлежност и постапување до координаторот за следење на работата на Основниот суд Куманово, членот на Советот Ханиф Зендели. Одговор не беше добиен, по што министерот за правда Кренар Лога на 22 јуни  до Советот испрати ургенција за постапување по барањето за состојбите констатирани во Извештајот. Од изнесените 8 точки, 7 се однесуваат на состојбите во судот за констатирани нарушени меѓучовечки односи и некоректен однос на в.д. претседателот на судот кон одредени вработени АКМИС системот. На 29 јуни од страна на заменик претседателот на Судскиот совет Ханиф Зендели беше доставен одговор дека е изготвен дополнителен извештај кој е потребно да се разгледа на седница на Судскиот совет, по што ќе не информираат за констатираната состојба – соопштија од Правда.

Министерството за правда уште еднаш го повикува Судскиот совет да постапи согласно своите надлежности, бидејќи неказнувањето на вакви случаи ќе доведе до дополнително нарушување на угледот на Советот, а со тоа и намалување на довербата во правосудството.

Министерството за правда, додаваат, и натму ќе остане да биде транспарентно и ќе ја информира јавноста за сите состојби со кои се нарушува угледот и довербата во правосудството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот