Пратениците се враќаат со маски во старата сала, не смеат да се собираат и да пијат кафиња во бифеата

Се подготвуваат новите здравствени мерки и протоколи за работа на пратениците во Собранието во услови на намален број на заболени од коронавирус. Денеска во посета на Законодавниот дом беше тим од Комисијата за заразни болести на чело со доктор Жарко Караџовски.

Дел од мерките се пратениците да се вратат во старата пленарна сала со маски, но да нема групирање. Караџовски за работата на собраниските бифеа и Клубот на пратеници најави дека ќе бидат отворени, но оти таму не смее да се пие кафе, сок или чај, туку ќе функционриаат по принципот „кофи ту гоу“.

На последниот брифинг со новинараите и собранискиот спикер Талат Џафери најави дека наредната собраниска седница ќе се одвива во старата пленарна сала.

Тој тогаш информираше дека имајќи предвид оти пратениците и службите во Собранието се вакцинирани и со втора доза вакцина, плановите се од наредната седница да бидат во редовната сала, Сала 1. Рече дека салата би се отворила и за новинарите, но се ќе зависи кој ќе биде ставот на државната здравствена комисија. Џафери смета дека било која одлука за новите протоколи во Собранието по стивнување на пандемијата ќе зависи од мислењето од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Собранието веќе 10 месеци работи под посебни здравствени протоколи утврдени во координација со Комисијата за заразни болести. Поради пандемијата Законодавниот дом за првпат од осамостојувањето работеше во изменети околности. Беа воведени протоколи за заштита од вирусот утврдени во координација со Комисијата за заразни болести. Со нив на сите што влегуваа во Собранието им беше мерена телесна температура. Пленарните седници се одвиваа во друга сала – онаа под Големата купола на собраниската зграда, а неопходно беше и одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците. Гласањето на седниците се одвива рачно (со картончиња), а од седницата имаше директен пренос на Собранискиот канал на Националниот радидифузен сервис МРТ. Прес-конференции беа организирани во Кристалната сала со што беше обезбеден доволено простор за одржување дистанца. Во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, во Собранието не работеа Клубот на пратениците, ресторанот и бифето во прес-центарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот