Пратениците од партијата на Села ќе продолжат да соработуваат со Европскиот фронт во Собранието, вели Беџети
Пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети, денес на прес-конференција изјави дека пратениците на ДУИ ќе продолжат да функционираат во рамките на Европскиот фронт.На прашањето за заминувањето на Зијадин Села, тој рече дека одлучиле да функционираат независно и дека повторно ја поздравуваат и поддржуваат соработката на опозициските партии.
Препорачано
„Како што ја видов нивната изјава, тие ќе продолжат да бидат опозиција и дека ние ќе продолжиме да соработуваме“, рече Беџети.
Беџети рече дека нивните пратеници ќе продолжат да функционираат како парламентарна група на Европскиот фронт.Тој додаде дека, како што рекол и Села, во рамките на општините нивните советници ќе продолжат да соработуваат.
За разлика од Села, во Националниот фронт за интеграција останува Арбен Таравари.
„Имаме договор, заеднички кандидат за Гостивар ке биде доктор Валбон Лимани, тој што победи со 17.000 наспроти 4.200 гласови и му недостигаа само 21 глас за цензус. Оваа тема е одамна апсолвирана“, изјави денес Таравари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


