Пратениците ќе се подноват со нови мобилни, сумата е 200.000 евра за претплата за две години

Собрание седница / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Собранието потпиша договор на крајот на јануари годинава со Македонски Телеком кој ќе трае две години. Набавува 270 мобилни линии со неограничени разговори и интернет по цена од 497 денари месечно, пишува ММС.

Пратенците во македонското собрание ќе се подноват со нови мобилни, а претплатата за телефоните македонските граѓани ќе ги чини 192.000 евра за две години односно околу 100.000 евра годишно.

Фото: ММС

Покрај неограничени разговори дома и неограничен интернет, пратениицте во пакетот имаат и бесплатни разговори со ограничено времетраење и во интернационални мрежи, СМС пораки, како и роаминг. Покрај ова „Македонски Телеком“ треба да му обезбеди на Собранието и субвенции од 72.000 евра за набавка на нови мобилни за 270-те линии од првиот тарифен модел, и за 120 за тој за тарифниот модел за пратениците.

Фото: ММС

Последниот договор на Собранието за мобилна телефонија беше пред две години, исто со „Македонски Телеком“ на истата сума од 192.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот